„Не очекува тежок меч, бидејќи се работи за силен противник, но ние ќе го дадеме својот максимум и ќе се обидеме да ги изненадиме“.
Ова е можеби најповторуваната и најдосадната изјава на фудбалер на прес конференција пред натпревар. Но пресовите знаат да бидат доста занимливи, ако фудбалерите малку се опуштат и кажат нешто ново и вистинито.
Досадата на тие пресови кои по протокол се одржуваат пред и после натпревар, ја разби Иван Ракитиќ во пресрет на вечерашното гостување на Барса во ЛШ против Јуве. Тешко дека некој друг избрал вакви зборои за противник.
„Јас немам што да му објаснувам на Буфон во врска со фудбал. Би му го препуштил моето место на Светското првенство. Се што му даде на фудбалот е големо. Тоа го знае секое дете кое почнува со набројување на играчи. Кога му го видов интервјуто после мечот со Шведска, сакав да заплакам со него. Како играч жалам што нема да може да се прости од фудбалот на Светско првенство. Задоволство е да се игра против него“, рече Ракитиќ
И кога на играч како Буфон ќе му упатиш такви зборови, повеќе од јасно е дека ќе добиеш брз одговор на место од кој секој ќе биде воодушевен.
„Драг Иван, јас уште настапувам како голман и да играм за Хрватска во среден ред место тебе, не би била најдобра идеја. Тоа го зборувам за твое добро. Шегата на страна, твоите зборови се мој голем дар. Ти благодарам и на тебе и на Жорди Алба. Мојот дрес те чека“, му одговори Џиџи на Твитер.
Хрватскиот репрезентативец на тоа врати:
„Ти благодарам, твојот дрес ќе ми биде сјајен дар“.
Лекциите за фудбал и однeсување на две легенди продолжува вечерва со почеток од 20:45.