Хрватска е релативно мала земја, но имаме големи заедници во светот, како Австралија, Германија и Швајцарија. Што се однесува до фудбалот, секогаш ги гледавме другите земји, бидејќи ние немавме голема база од која ќе регрутираме.
Во 2006-та, откако ја победивме Англија со 2:0 во Загреб во квалификации за ЕП 2008, хрватскиот фудбалски сојуз ми кажа за еден млад талентиран играч од Швајцарија кој играше за Базел заедно со Младен Петриќ, играч кој во тоа време беше во нашиот национален тим.
Неговото име беше Иван Ракитиќ. Роден е во Швајцарија во 1988-ма година и веќе играше за нивниот национален тим У-21. Бевме да го гледаме како игра и потоа имавме долг разговор со неговите родители.
Иван тогаш беше само дете, па затоа работите ги оставивме малку на стенд бај и потоа се вративме во Швајцарија. Неговите родители се долгогодишни Хрвати, како и многумина кои одат во странство и имаат повеќе национален идентитет отколку луѓето што живеат во самата земја.
Не морав да ги убедам за нивниот син да заигра за Хрватска и сепак не сакав да го притискам Иван. Од првите 10 минути разговор сфатив дека не можете да биде ладен и професионален со него. Не можете да му речете: „Слушај, мора да избереш“.
Јас бев топол со него, се обидував да ги објаснам придобивките од играњето за нас, дека сме добар тим, дека навистина ќе сметаме на него. Иако не можев да му ветувам сè бидејќи веќе имавме составено екипа, имавме млади играчи како Лука Модриќ, Ведран Чорлука, Едуардо, Нико Крањчар и тој ќе ужива во стилот што го играме.
Му реков: „Ако ти оди добро во Швајцарија, тоа е супер, но ако го направиш тоа во Хрватска, тогаш тоа е повеќе од фудбал, тоа е сè“.
Зборувавме неколку часа и потоа по неколку недели пак се вратив и тој реши да дојде кај нас. Тоа беше одлука за која никогаш не се пожали. Рече дека сум бил инструмен за да го убедам. Не му требаше многу убедување, а јас му реков дека ќе се грижиме за него, дека ќе има голема шанса и дека неговата вештина одлично ќе се вклопи во начинот на кој играме.
Го знам добро и него и неговото семејство. Имаат голем респект за Швајцарија и тоа ја направи одлуката потешка. Сепак, тие се вистински Хрвати.
Ако останеше во Швајцарија, не се сомневам дека тој сепак ќе имаше голема кариера. Кога имаше 18 години на нашата прва средба, татко му ми кажа дека има понуда од Челси. Го бараа и од Шалке, а јас му реков дека можеби е уште мал за Челси и дека Шалке е поблиску до неговиот дом, а плус го зборува и германскиот.
Каде и да отидеше, ќе успееше. Со сета почит кон Швајцарија, бидејќи им оди добро, играњето за Хрватска ве носи на друго ниво.
Значи каков е Иван? Прво тој е човек со голем карактер. Има хрватска душа и швајцарски ум. Има определба и работна етика, но над сè е неговата вештина. Неговата техника е неверојатна. Нема голема брзина, но е голем мозок и има прекрасен прв допир. Ја разбира играта.
Едно време беше 10-ка и на таа позиција играше за Севиља, каде беше капитен кога ја освоија Лигата на Европа во 2014-та. Ја промени позицијата кога замина во Барселона и таа трансформација му помогна да стане комплетен играч од среден ред.
Модриќ внимава, но Ракитиќ се жртвува за тимот. Тој е скромен и многу среќен што ја врши таа таканаречена магарешка работа. Неговата најголема сила е кога ја има топката. Има одличен удар и може да изведе опасен слободен удар. Се сеќавате на тој против Аргентина кога ја погоди пречката?
Неговиот настап против Аргентина беше еден од најдобрите што сум ги видел од него. На последните средби против Данска и Русија тој не беше брилијантен, но победи, беше дел од тимот и клучен играч во двете пенал серии, преземајќи ги решавачките удари.
На ЕП 2008, тој заедно со Модриќ ги промашија пеналите кога загубивме од Турција во четвртфинале, но тогаш имаше 19 години. Сега е зрел играч. Кога има притисок има ладен мозок, многу е смирен и професионален, па затоа тој е очигледен избор за да го преземе петтиот пенал.