До пред еден месец и кусур, хит број 1 на фудбалската светска сцена беше селекцијата на Хрватска која и покрај пеколната конкуренција составена од велесили, целосно се издвои и постигна историски успех влегувајќи во финалето на СП 2018.
Оваа репрезентација е составена од златни момчиња чија вредност летово порасна, а нивната улога во клубовите каде настапуваат не е епизодна, туку често пати клучна. Еве го учинокот на само мал дел од нив од коло.
Иван Ракитиќ беше стрелец и асистент против Хуеска која Барса ја здроби со 8:2.
Марио Манџукиќ беше стрелец и асистент на гостувањето против Парма кое Јуве го доби со 1:2, а прогласен е и за играч на мечот.
Иван Перишиќ беше стрелец и асистент на средбата Болоља - Интер 0:3.
Андреј Крамариќ беше стрелец за Хофенхајм кој направи пресврт против Фрајбург и го доби со 3:1.
Лука Модриќ беше асистент на мечот Реал - Леганес 4:1, а на Бернабеу му скандираа: Златна топка, Златна топка.
Од 1:00 од трибините може да се чуе: Balón de Oro, Lukita Balón de Oro...
Bernabéu standing ovation for Keylor Navas, Sergio Ramos and Luka Modric 👏 pic.twitter.com/TKyWIOPPso
— Real Madrid Info (@RMadridInfo) September 1, 2018