Хофенхајм загуби 5:0 од Баерн Минхен и се наоѓа на 16-та позиција со само три победи по 17 кола. Од 23 ноември се немаат израдувано на триумф. Хрватскиот репрезентативец, Андреј Крамариќ кој една деценија е дел од бундеслигашот, му дојде преку дур.
Пласманот во мундијалското финале и освојувањето на сребрениот медал за Хрватите не беше никаква случајност. Тоа е збирштина на играчишта кои играат и газат во големи клубови. И пред и по светско, момците се на висина на задачата.
Агуеро сезонава постигна 12 голови, Роналдо 18, но никој како Андреј Крамариќ. Детето на Динамо Загреб во кое не веруваше Здравко Мамиќ, пред два дена постигна 5 гола на еден меч, а според трансфермаркет цената му е 4,5 милиони евра.