Стартуваме со голот на Клуб Бриж за 1:1 против Атлетико. Нигериецот Арнаут Груневелд Данџума има само 21 година и не знаеме дали е свесен вчера што направи. Слушнете го коментаторот како врисна.
Барса за 0:2 против Тотенхем распали со страшен гол на Ракитиќ. Акробација за сите пари.
На истиот дуел вреди да се види голот на Кејн само заради играта еден на еден. Нелсон Семедо отиде по бурек со месо.
Весело беше и во Париз каде два од шесте гола на Парижаните беа од слободен удар. Стрелец и на двата беше Нејмар.
2 - Neymar 🇧🇷 is the first player to score two direct free-kicks in a Champions League game since Cristiano Ronaldo v Zürich in September 2009. Specialist.#PSGFKCZ pic.twitter.com/jkFl4plkIf
— OptaJean ⭐⭐ (@OptaJean) October 3, 2018
ПСВ загуби од Интер, ама го постигна еден од најубавите голови на вечерта, дело на Пабло Розарио.
Не беше лошо за гледање ниту израмнувањето на Наинголан
Ако не ви се доволни овие топ 7 голови, клик тука.