Легендата на Барселона со која ја освои тројната круна под водство на Луис Енрике во сезоната (2014/2015), предизвика невидена еуфорија меѓу навивачите на Хајдук кои му направија спектакуларен пречек.
Потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на уште една година, а со неговото искуство се очекува да помогне во враќањето на титулата која Хајдук ја нема освоено од 2005-та.
Клубот од Сплит работи силно на прекинување на доминацијата на Динамо Загреб. На позицијата спортски директор го ангажираше Никола Калиниќ, а тренер од ова лето е Џенаро Гатузо.
Во напад го имаат Марко Ливаја, како и нашиот Александар Трајковски, а покрај Ракитиќ, второто звучно име со меѓународна слава е Иван Перишиќ кој ќе ја игра втората сезона.
Инаку 36 годишниот Ракитиќ кој се повлече од репрезентацијата на Хрватска откако играше финале на Мундијалот во Русија, е роден во Швајцарија и никогаш нема заигра за хрватска екипа.
После настапите за Базел и Шалке, блесокот го направи во Шпанија во дресовите на Барселона и Севиља. Со каталонскиот тим освои 13 трофеи за 6 сезони, а со Севиља е двократен освојувач на Лига Европа.
Ракитиќ пристигна во Сплит од Саудиска Арабија каде раскина богат две годишен договор од 20 милиони евра по сезона.
Во Хајдук ќе заработува 600.000 евра годишно плус бонуси, а фиксниот дел од платата ќе го плаќа синџирот супермаркети Томи, кој со години е еден од најголемите спонзори на Хајдук.
Unreal scenes from Split #Hajduk #Rakitic https://t.co/1TEi6pvaOU pic.twitter.com/5PhleSXLZE
— Esto Es Fútbol 🇪🇸 (@FamilyHistoryTW) July 21, 2024
Ракитиќ раскина договор од 20 милиони по сезона, а во Хајдук ќе заработува 600.000 евра