- Славниот хрватскиот фудбалер, роден во Швајцарија, кој кариерата ја почна во Базел, заигра во Шалке, а најмногу се прослави во Севиља и Барселона е нов член на Хајдук и соиграч на Александар Трајковски.
- Имаше богат двегодишен договор со Ал Шабаб од Саудиска Арабија кој го потпиша во јануари годинава за 20 милиони евра по сезона, но го раскина за да се пресели во Хајдук за 600.000 евра годишно.
- Клучна улога за неговото доаѓале на Пољуд одиграле Калиниќ како директор, Гатузо како тренер и Перишиќ како негов поранешен соиграч.
- „Сплит е на некој начин мојот град, Хајдук е секогаш со мене, таму се мојот кум и сите мои пријатели. Имам лична врска со Хајдук, тоа е сосема јасно. Не знам што ќе се случи. Кога дојдов во Ал Шабаб, можеби беше потешко, но никогаш не се знае, изјави Иван Ракитиќ пред неколку месеци во интервју за Zagreb.info.
- Само два дена откако ненадејно почина Агрон Мемеди од Шкендија кој колабираше на тренинг, нова црна вест во македонскиот. На 46 години замина Владимир Секуловски.
- Беше во составот на националниот тим на квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн за ЕП 2004 година, иако тогаш не доби можност да влезе во игра.
- Секуловски настапуваше за повеќе македонски екипи со кои освојуваше шампионски титули и Куп трофеи: Тетекс, Вардар, Слога Југомагнат, Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Осогово.
- За сега нема официјални информации за причината за смртта.
- Долгогодишниот репрезентативец, Висар Муслиу, даде искрена изјава после големото разочарување на Македонија во Б дивизијата од Лигата на нации, каде ги загуби сите натпревари со гол разлика 1-15.
- „Ова е резултатска и играчка криза. Не покажавме добро нешто на терен, веќе десет натпревари не го даваме тоа што треба на терен. Мора да ставиме прст на глава, да размислиме како се однесуваме, како играме и мора да се подобри оваа ситуација.
- Тешко е дека може да извлечеме нешто позитивно од овој циклус, оваа ситуација мора детално и добро да ја анализираме и да се поправиме“, рече Муслиу.