Лионел Меси се среќава со папараци, фанови и новинари каде и да тргне, но ретко кој ја знаел приказната за неговите комшии која што во големото интервју ја раскажа Хрватот Иван Ракитиќ за хрватскиот портал Novi List.
„Видете, јас сум немал проблеми со комшиите какви што имаше Меси во Кастелдефелс - мораше да ја купи куќата од сопственикот затоа што кирајџиите биле претерано гласни и проблематични“.
Весникот открил и документ кој покажува дека Меси во 2013-та ја купил куќата до него затоа што неговите мали деца не можеле да спијат на раат. Меси прво се обидел да крене висок ѕид но планот не ги исполнувал градежните прописи, а неговите комшии се жалеле дека ќе го тужат на суд, па тој се откажал и решил да ја купи куќата.
Меси живее во елитното предградие на Барселона, Кастелдефелс а во негова близина живее и Луис Суарез. Од неговиот дом до Барселона имало половина час возење.