На фудбалерот од средниот ред на Барселона му се падна во двата нокаут натпревари по ред да го изведува пеналот од последната петта серија и со тоа да ги исфрли од Светско најпрвин Данска, а потоа и Русија.
На тема пенали и Иван Ракитиќ, со интересен наслов излезе Марка:
„Ракитиќ, човекот кој шутираше пенали полошо од кучето на мајка му, до хрватски херој“.
Муабетот е од 2014-та, а го објаснува самиот Ракитиќ во интервју како играч на Севиља.
„Игравме против Рајо Ваљекано, а јас промашив пенал. По мечот мајка ми ми испрати фотографија од нејзиното куче и налутено ми напиша дека подобро изведува пенали од мене“.
Во меѓувреме откако Ракитиќ објави заедничка слика со Модриќ, во муабет од Вимблдон му се убаци Ноле.