Против Барселона е многу тешко да се игра не само поради тоа што ја кријат топката, туку и затоа што изгледа дека фудбалерите имаат батерии во газот. Разликата меѓу најбрзиот ти најбавниот во тимот изнесува околу 4 километри на час.
Фудбалерот кој сезонава ја развил најголемата брзина во игра е Нејмар. Тој на средбата против Спортинг Хихон која се одигра во 25. Коло истрчал со 34.83 километри на час.
Не второто место не му припаѓа на Меси како што можеби помисливте, туку изненадувачки на Метју Жереми кој Депортиво трчал со максимални 34.25 км на час.
Почнувајќи од третата па се до 10-та позиција разликата е многу мала и се мери во стотинки па така третопласираниот Видал истрчал со 33.8, а 10-то пласираниот Умтити со 33.01 км на час.
Лионел Меси е 13-ти на оваа листа, а на последната позиција се наоѓа Иван Ракитиќ.
- Нејмар: 34.83
- Џереми Метју: 34.25
- Алеикс Видал: 33.8
- Хавиер Маскерано: 33.71
- Џорди Алба: 33.67
- Серхио Бускетс: 33.64
- Џерард Пике: 33.52
- Сержи Роберто: 33.51
- Пако Алкасер: 33.4
- Самуел Умтити: 33.01
- Луис Суарез: 32.86
- Андре Гомез: 32.73
- Лео Меси: 32.27
- Лукас Диње: 32.21
- Денис Суарез: 32.18
- Арда Туран: 31.87
- Рафиња: 31.76
- Андрес Иниеста: 31.62
- Иван Ракитиќ: 30.66