Таг: пепе

Не порасна Пепе

На 26 февруари натепа 41 година во газот и упорно и упорно не му иде памет. Провоцира, се закача, мава без осет и наместо на тие години да биде пример за цела плејада млади играчи, прави циркузи и редовно добива црвени картони. Изреволтиран од една судиска одлука, на судијата му гестикулираше дека треба да си стави наочари, а овој ни два, ни три го прати на ладење.

Пепе кромидарник беше, кромидарник остана

Агресивен, валкан, насилен со неспортско однесување и со намера секогаш да удира, клоца и да подели некој бокс. Тоа е од прилика статусот на Пепе со кој се стекна во кариерата. Синоќа доби заслужен црвен на дербито против Спортинг кое Порто го загуби со 2:0. 40 години начука во газот и кој што прави, тој само црвени картони добива. Во Битола би го викале Пепе Црвенио.

Пепе си остана фејкер во шеснаесетник

Бадијала има 22 години стаж во фудбалот од кои 10 во Реал Мадрид, кога еве го на крај на месец 40 полни и уште тера по старо со тоа селските финти. Удира играч, а глуми дека него го удираат. И што е најапсурдно успеа да ги излаже судиите и да добие фаул во своја корист. Мизерија од спортист.

Роналдо го нацрта Пепе и се откорна од смеење

Првото коло од Мундијалот, Португалците го играат последни во четврток, а тоа им дава доволно време малку и за разонода и релаксација. Репрезентативците добија задача да нацртаат по еден соиграч. Роналдо го нацрта Пепе и прсна од смеење.

Ме виде ли мамо? Ме имаше на тв со Роналдо и Пепе

Во големата радост на португалската репрезентација која ја победи Република Ирска со 2:1 во 96-та минута, најјак беше Пепе кој зграпчи еден од редарите. Дечкото остана присебен, а хит ќе беше ако славеше со нив.

Ја спукаа Порто и Рома, Пепе нема осет и на пријателски

И на натпревар без никаква резултатска важност, туку само за темпирање форма пред стартот на сезоната во август, португалскиот ветеран се однесува дрско и безобразно на терен. Му влезе на Михтарјан како идиот и го расипа приматот на пријателски натпревар.

Пепе касапот

Не се ништо ново овие дуел игри на ветеранот на Порто кој со таа стара коска, нејќеш да ти влезе на 38 години. На стрелецот на голот, Торган Азар му влезе намерно и доби само жолт картон, а потоа следуваше стандардна реакција со кренати раце, демек не го пипнав.

Касапинот Пепе демонстрираше како глумел Мората

Реваншот Јувентус - Порто (3:2) донесе еден куп интересни моменти. Еден од нив беше оној кога по прекршок над шпанскиот центарфор, стоперот на Порто Пепе му покажуваше на судијата како Алваро глумел.

Дилајлата Пепе уште се тегне во Португалија и тоа со свој соиграч

Порто ја продолжи потерата по лидерот Спортинг кој нема пораз на 14 меча (11 победи и 3 нерешени). „Змејовите“ од Драгао со 0-1 го победија Фаренсе и сега имаат 35 бода, 1 помалку од вечниот ривал.

Пепе ако не ги замрси работите нема кој

Фаулите со влечење, тегнење и туркање во шеснаесетник беа и останаа судиско убедување. Некои судии ги свират, други не, веројатно зависи од ситуација до ситуација. Се појави снимка на која јасно се гледа како Пепе скока врз 13-та, ја соборува на земја, а Роналдо профитира од моментот и непречен од никој дава гол. Мароканците со праваа протестираа кај судијата.

Нејмар има повеќе жолти картони и од Пепе

Во неделниот класик на францускиот фудбал Марсеј - ПСЖ, Нејмар доби два жолти картони за пар минути и прво исклучување во дресот на Парижаните. Со овие картони „О’Неј“ на 25 години и 526 меча во кариерата собрал вкупно 8 црвени и 138 жолти картони. Колку за споредба силеџијата Пепе на 530 меча добил 123 жолти и 9 црвени картони.

Единаесетмината кои тепаат

Замислете ја оваа збирштина на познати фудбалери во еден тим како што ги сместиле во видеово. Па секој меч ќе биде прекинуван поради недоволен број на играчи на терен. Пола од нив сигурно ќе папаат црвени картони. Некои стартови кои ги имаат направено директ на цеваница се за во затвор.

10 фудбалери кои не се родени каде што мислите

Во ера на глобализација, селење кое го имало од секогаш и често натурализирање на репрезентативци, не треба да се збуниме кога ќе прочитаме дека Игуаин не е роден во Аргентина, Роси не е роден во Италија, а Нани е роден во Република Зелен ’Рт. И кај нас има многу што не завршуваат на „ски“.

Како Пепе чекал достава на новите копачки

Во пресрет на најголемото светско дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид во сабота, сите играчи во карантин психолошки се подготвуваат, а само Португалецот Пепе нестрпливо чека дечкото со моторче да му го донесе најновиот модел на копачки. Според рекламата на UMBRO секако.

Што значи да гледаш Ел Класико од клупата на Реал?

Пред судиската свирка за крај, фудбалерите на Реал Мадрид кои беа на клупата за резерви нестрпливо чекаа да ѝ се израдуваат на првата победа против најголемиот ривал на гости после цели 4 години.

Првите копачки на Пепе се купени на 15 рати

Многу од фудбалерите кои сега спијат на пари имале трнлив пат до успехот поради немаштија на нивните родители. Таков е случајот и со фудбалерот на Реал Мадрид чиј татко не можел да си дозволи да му купи копачки.

Пет најбрутални фаули на Реаловиот касап

Португалецот си ја залепи етикетата најгруб фудбалер во Европа откако дојде во Шпанија. Во 2009 година беше суспендиран 10 натпревари, откако монструозно газеше противнички фудбалер на сред натпревар. Од тогаш до денес заработи 6 исклучувања.

Поранешно „Ел класико“ кошкање

Пепе и Кеита не ги заборавиле грубите дуели кои ги имаа за време на најголемата шпанска пресметка. На пријателската меѓу Реал и Рома во Далас, Кеита најпрвин одби да се ракува со Португалецот, а потоа по еден негов жесток старт, го гаѓаше со шише вода. Римјаните славеа 1-0 со голот на Тоти.

Пепе агресивен и кон соиграчи

По еден прекршок на натпреварот против Валенсија, Пепе остана да лежи на тревата, а неговиот соиграч Арбелоа се обиде да го крене за да не губат време. И потоа следеше реакција во стилот на Пепе...