Кога Пепе како дете почнал да игра фудбал во родниот Бразил, татко му никако не можел да скрпи пари за да му купи копачки бидејќи биле скапи колку три негови плати.
Финансиската состојба дома им била толку проблематична што кога татко му на едно службено патување добил дневници, наместо да спие во хотел со другите колеги, тој спиел во кола и си носел сендвичи за да заштеди пари.
Татко му на Пепе позајмил кредитна картичка од колешката и купил Умбро копачки кои ги исплаќал на 15 рати. Пепе бил толку внимателен и ги чистел после секое играње, а од радост спиел со нив.
По 20 години Пепе сè уште ја носи истата марка за која вели дека му донела солидарност во фамилијата како и љубовна моќ кај татко му кој се жртвувал за да му го оствари сонот да стане професионален фудбалер.
Приказната на таткото и неговиот славен син ја сними Умбро.