Пет најбрутални фаули на Реаловиот касап

Португалецот си ја залепи етикетата најгруб фудбалер во Европа откако дојде во Шпанија. Во 2009 година беше суспендиран 10 натпревари, откако монструозно газеше противнички фудбалер на сред натпревар. Од тогаш до денес заработи 6 исклучувања.

Со одбраната на Реал Мадрид веќе неколку сезони командува Кеплер Лаверан Лима Фереира, попознат како Пепе. Во пресрет на полуфиналето со Реал Мадрид ги издвојуваме најжестоките стартови во неговата кариера.

Досега добил 7 исклучувања, од кои 6 во Реал Мадрид а едно за Португалија. Три пати добивал директен црвен картон, по што го доби прекарот „Месарот“.

1. На озлогласената листа најголеми касапи во фудбалот, Пепе влезе во 2009. година, негова прва како играч на Реал Мадрид. За време на еден натпревар против Гетафе, Пепе направи тежок фаул над Каскеро и доби жолт картон. Во еден момент загуби контрола над себе, го турна противникот на земја и почна да го шутира. За дивиот напад на агресија доби 10 меча суспензија.

2. Фамата на Месарот продолжи да расте и во следните сезони, кога покажуваше агресија и во Лигата на шампионите. Во март 2011-та, во реваншот од осминафиналето против Лион, Пепе не пропушти прилика да ги искрши противничките фудбалери. Настрадаа Лисандро Лопез и Сисоко, а Пепе доби само жолт картон.

 
3. Кулминација на „популарноста“, Месарот Пепе имаше на 27. април 2011 година. На Бернабеу беше исклучен со директен црвен картон по крвничкиот старт над Дани Алвес. Тогаш Реал и Барса играа во полуфиналето на ЛШ, а Мурињо протестираше дека Пепе не го допрел Алвес. И среќа што не го допре, затоа што толку ќе му беше од кариерата на Бразилецот.
 
4.  Следната година, во четвртфиналето на Копа дел Реј, Португалецот одново беше главен актер на Ел Класико. По еден фаул над Меси, Пепе искористи прилика што Меси е на земја и го згазна со сета сила. Мурињо и тогаш го правдаше Месарот Пепе, кој следниот ден се извини за постапката.
 
 
5.  Последната епизода и црвен картон, Пепе имаше на Мундијалот во Бразил. Прв натпревар во групата, Португалија - Германија и Пепе во центарот на вниманието. Го удри Томас Милер со рака по лицето во еден дуел, а потоа и со главата. Судијата Мажиќ го прати на туширање во 37' минута од првото полувреме. До крајот Германците славеа 4-0 со три гола на Милер.
 
 
Португалскиот стопер неодамна изјави дека го сменил своето однесување и се извини за сите досегашни постапки. Сезонава беше помирен. Ќе го видиме вечер против Јувентус во ЛШ.
5 мај 2015 - 16:54