ЈУВЕНТУС - РЕАЛ МАДРИД (20:45)
- Бјанконерите и Меренгес 16 пати играле меѓу себе во Европа. Јувентус дома има 5 победи, 1 реми и 1 пораз. Реал во Мадрид победил 5 пати и загубил 2 пати.
- Јувентус ќе игра полуфинале на ЛШ за прв пат после 2003. година кога стигнаа до финалето во Манчестер и загубија од Милан на пенали.
- Една од најпознатите средби на овие два клуба е во 1998. година кога играа во финалето на ЛШ во Амстердам. Реал тогаш славеше 1-0 со голот на Предраг Мијатовиќ.
- Последниот меѓусебен дуел, Јуве и Реал го играа сезонава во групната фаза. Шпанците славеа 2-1 на Бернабеу, а во Торино заврши 2-2.
- Кристијано Роналдо даде два гола на првиот натпревар. На реваншот во Торино, Јувентус поведе преку Видал од пенал. Реал направи пресврт со головите на Роналдо и Бејл, за Љоренте а израмни во финишот со глава.
- Јувентус нема пораз на домашен терен на 12 натпревари во Европа сезонава. Избраниците на Масимилијано Алегри победија на 5 натпревари.
Можни состави:
Јувентус - Буфон, Лихштајнер, Бонучи, Киелини, Евра, Маркизио, Пирло, Видал, Переира, Мората, Тевез.
Отсутни: Азамоа, Мароне, Касерес, Погба и Ромуло (сите повредени)
Реал Мадрид: Касиљас, Карвахал, Пепе, Варан, Марсело, Хамез, Крос, Рамос, Иско, Бејл, Роналдо.
Отсутни: Модриќ и Бензема (повредени)