Целиот метеж настанал кога гостинските навивачи ја прескокнале оградата и тргнале да се пресметаат со фудбалерите. Некогашниот играч на Манчестер Јунајтед, Монако и Јувентус во еден момент со нога силно удира еден од навивачите, сцена која потсети на ударот на Ерик Кантона во 95-та.
Се испостави дека навивачот му рекол: „Го мразам понеделник“, алудирајќи на тоа што Евра секој понеделник на Инстаграм објавува необични видеа на Инстаграм во кои чита поезија, се снима, прави циркуси.
BREAKING: Victim fan of Patrice Evra's violent kicking outburst allegedly reported to have shouted at him 'I hate Mondays'
— Reev (@TheReevHD) November 2, 2017
За нападот Евра добил црвен картон уште пред натпреварот така што поразот на својот тим го проследи од трибините каде правеше селфи со присутните Португалци.
Ова не му е првпат на Евра да прави вакви глупости. Во 2008-ма година Французинот се степа со редар после мечот со Челси на „Стемфорд Бриџ“ после што го суспендираа четири меча. Ова е првпат од 2009 година откако се игра новиот формат на Лига Европа некој фудбалер да биде исклучен уште пред средбата да почне.
Марсеј изгуби 1:0 но остана на второто место во групата со шест бода, два зад Салцбург но два пред Виторија Гимараеш и Коњаспор на две кола пред крајот.
Левиот бек игра за Марсеј од јануари 2017 година. Дојде во клубот како слободен агент после две ипол години во Јувентус. Договорот на Евра му завршува на крајот од сезоната, но Марсеј размислува дали веднаш да го раскине договорот со него поради сериозниот инцидент.
Евра пред Јуве 8 сезони помина во Манчестер Јунајтед.
Ова е второ вознемирувачко видео од Французинот (36) откако пред неколку дена за Халоувин на Инстаграм поставил видео на кое глуми како се сече со нож целиот во крв.