Евра: Треба шамари за многу луѓе во Јунајтед

Францускиот бек фати од убавите времиња на Олд Трафорд и освои 14 трофеи, а после срамниот пораз од Тотенхем удри критички, ама не против играчите, туку против управата на клубот.

Патрис Евра е еден од многу легенди на Манчестер Јунајтед кој не може да ја разбере оваа долга транзиција во клубот со кој стана петкратен првак во Англија за девет сезони, а ја освои и Лигата на шампионите.

Тој се сомнева во изборот на играчите кои се носат на Олд Трафорд и не смета дека решението е во постојаната смена на тренери.

„Алексис Санчез откако потпиша за Јунајтед после првите тренинзи го замоли агентот да го прекине договорот.

Не сакам да почнам да ги критикувам играчите. Никој нема оправдување после мечов. Ги изневерија сите навивачи на Јунајтед и не им е гајле за причините. Секоја година е иста приказната. Го чувствувам истото што го чувствуваат сите навивачи на Јунајтед.

Се зборува за тренерите. Но што е со управата? После Фегрусон секој тренер го отпуштаат. Значи тоа ли е решението? Зборуваме Оле дали е човекот. Можеби не е, можеби е.

Но ние не знаеме за трансферите, не знаеме дали тој е само кукла. Сакаше играч како Санчо, но тие не одат по вистинските играчи.

Што се случува со мојот клуб? Не промовирам насилство, но на многу луѓе им треба добар шамар“

„И ние губевме 6:1 од Манчестер Сити, ама напаѓавме, бидејќи тоа беше филозофијата на клубот“.

5 октомври 2020 - 12:47