„Мислеше дека си поголем од клубот и навивачите. Не те сакаме во нашите бои. Евра одјеби!“
Францускиот репрезентативец е суспендиран од клубот на неодредено време а во меѓувреме УЕФА најави долга суспензија за тоа што го направи на мечот со Гимараеш во Лига Европа.
На друг банер беше напишано: „Љубовта кон својот дрес. Респект за навивачите. Професионализам. Многу ли бараме“?
Уште еден банер беше испишан на англиски јазик: This Game Is Over со што се алудира на честите настапи на Евра на социјалните мрежи каде пишува за љубовта кон фудбалот (I Love This Game).
Тешко е да се претпостави што ќе се случува со Патрис и дали ќе се врати во составот на Марсеј. Весникот Le Parisien веќе пишуваше дека договорот би можел да биде раскинат во следните денови.