Прво, пред неколку дена кога Кристијано Роналдо после цели 12 години се врати во саканиот Манчестер Јунајтед, англискиот печат пишуваше за прекрасната вила во која ќе живее и чие изнајмување чини 6 милиони фунти.
Во меѓувреме жолтиот печат, таблоидите извадија вест дека Роналдо веќе се преселил зошто наводно му сметал шумот од овците и другите животни во близина.
„Иако вилата е многу прекрасна и се наоѓа сред густа шума и полиња, околу има овци кои многу рано сабајле биле гласни. Роналдо е прав професионалец, тој обрнува многу внимание на одмор и сон после мечот, па затоа било решено дека е подобро ако он и неговото семејство се преселат“, пиша бајрактарот на таблоидниот свет The Sun.
Прес-службата на Кристијано Роналдо ја демантираше оваа приказна и ја нарече целосно фабрикувана. „Не коментираме какви било лично прашања“, додал претставник на неговиот тим.
На крајот смешна нота на целата сторија ѝ даде најпозитивниот лудак меѓу фудбалерите, Патрис Евра, легендарниот лев бек на Јувентус и Манчестер Јунајтед кој долго време беше соиграч со Кристијано Роналдо со кого се и блиски другари.
Евра снимил видео за потребите на едно телевизиско шоу и тоа го искористил да се пошегува со случката со овците. Во чамец тој стои покрај неколку овци а над видеото напишал:
„Не се секирај брат Кристијано Роналдо, ги тргам моите овци далеку од твојот дом“
Видеото е толку погодено со приказната за овците што коментари оставиле и Патрик Клајверт, Џејми Реднап, Роби Кин.