Гол на Алиоски за Лидс па промашен пенал

Фудбалерите на Лидс Јунајтед се елиминирани во 2. коло на Лига Купот после поразот на пенали синоќа од Хал 9-8. По регуларните 90 минути семафорот покажа 1-1, а голот на Лидс го даде репрезентативецот на Македонија кој беше прецизен во 90+3' минута.

Мечот отиде на пенали а таму Алиоски промаши во втората серија. До крај се изведоа вкупно 10 пенали и Хал отиде во следна рунда со голот на Џоунс.

17 септември 2020 - 08:26