Деби голчиште на Џани Алиоски за Фенербахче кој распали со левицата

По двата гола на Барди за Трабзонспор и вториот македонски репрезентативец кој се впушти во турска авантура покажа од каков материјал е. Прв погодот на Џани за Фенербахче и тоа со прекрасен волеј кој не се брани.

Фенербахче славеше со 4:2 против Адана Демирспор, а Алиоски со бомбастичен волеј го постави конечниот резултат на 7 минути до крај.

Двоен стрелец за домаќините беше Еквадорецот Енер Валенсија за 2:0 на полувреме, а на стартот на вториот дел погоди Словонецот Миха Зајц.

Избраниците на Винченцо Монтела со два гола се вратија резултатски во игра, но Жорж Жезус во 80-та минута ја направи вистинската измена.

Го внесе Алиоски кој по само 3 минути на терен ја запечати победата на Фенербахче на атрактивен начин.

 

23 август 2022 - 08:22