Инцидентот кој го направи Марко Арнаутовиќ веднаш откако даде гол ја вжешти јавноста во регионов, но очигледно полека страстите се ладат.
За мирен развој на настаните се погрижи и нашиот лев бек кој вели:
„Не можев да го слушнам што викаше зошто публиката славеше во тој момент. По натпреварот дојде, зборувавме и се смиривме. После мечот влезе во нашата соблекувална, ми подаде рака и ми се извини. Арнаутовиќ дојде како пријател, зборевме на германски и се разбравме на крајот“.
Во меѓувреме Фудбалската федерација на Македонија реши да се обрати до УЕФА со писмо во кое бара најстрога казна за Арнаутовиќ за неговиот испад. Македонија веќе во четврток игра во 2. коло на Европско првенство. Противник е Украина од 15:00 часот во Букурешт. Во нашата група во терминот од 21:00 часот ќе играат Холандија и Австрија, на „Јохан Кројф Арена“ во Амстердам.