Цел стадион му аплаудираше на Џани за збогум, а Демирал уште толку ги палеше

По кам бекот од Фенербахче каде беше на позајмица, сезоната за Алиоски во Ал Ахли заврши брзо. Навивачите покажаа голема почит кон македонскиот репрезентативец.

Џани Алиоски не се изнаигра со европските ѕвезди Фирмино, Марез, Ибањез, Кеси...и уште на стартот на новата сезоната во Саудиска Арабија, Ал Ахли реши да се ослободи од него, најверојатно поради прекумерен број на странци.

Заминува со победа од 2:0 против Ал Тае, но и како стартер на натпреварот. Младиот германски страгет Матијас Јаисле го извади, а во тие моменти македонскиот репрезентатевец доби аплаузи и овации од публиката.

Поранешниот член на Аталанта и Јувентус, Мерих Демирал покажуваше со прст накај Алиоски, како потсетување до публиката, кој треба да ги добие аплаузите.

Инаку стрелци на головите беа Марез и Кеси 

Фирмино пропушти голема шанса за 3:0

Прекрасната атмосфера пред мечот

30 август 2023 - 08:08