Убав гол на Алиоски против Њукасл во Премиер лига

Момците на генерал Марсело Бјелса после три месеци победија дома на „Еланд Роуд“ во Премиер лигата, откако вечерва го прегазија Њукасл со 5:2. Нашиот репрезентативец Езџан Алиоски одигра цел натпревар и го постигна четвртиот гол по една страшна „бјелсовска“ контра.

Лидс Јунајтед сега е на 13. место во Премиер лига со 17 освоени бодови.

16 декември 2020 - 21:11