Со головите на Марко Ливаја и Емир Сахити, Хајдук ја искористи лошата форма на Динамо Загреб и го освои Максимир со триумф од 0:2.
Сите тројца репрезентативци на Македонија настапија на дербито. Победникот Јани Атанасов беше стартер и играше 80 минути, а кај поразениот тим Адеми го одигра цел натпревар, додека Стефан Ристовски влезе на полувреме.
Хрватските медиуми објавија видео како Рики во еден момент ги губи нервите и напаѓа играч на Хајдук од клупата за резерви, а на една од фотографиите се гледа како Атанасов се обидува да го сопре.
Славјето за победата на големото дерби, продолжи со бакљада на аеродромот во Сплит, каде имаше пречек за фудбалерите на Хајдук.
Марко Ливаја се качи на раменици кај навивачите и заедно со нив пееше против Динамо.
Инаку Динамо има само една победа на последните четири првенствени средби и сега е четврти на табела, на -5 од лидерот Ријека.