Динамо Загреб ја совлада Истра со 6:3 и стигна до нов трофеј во Купот на Хрватска кој претходно го имаше освоено сезоната 2017/2018.
Аријан Адеми и Стефан Ристовски го одиграа цело финале, а капитенот даде гол и намести уште два.
Само 10 дена откако стана рекордер во историјата на Динамо со 10 првенствени титули и доби безброј честитки и пофалби, Адеми одигра нова феноменална партија за Модрите.
Одличниот пас на Адеми до Оршиќ
Голот за 2:0 по само 4 минути откако реагираше многу умешно како класична 9-ка
И асистенцијата во второ полувреме за 4:2.
За Адеми ова е шести трофеј во Купот на Хрватска со Динамо, бројка до која синоќа стигна и Буфон со Јуве и заедно со 10-те првенствени титули и трите во Супер Купот има вкупно 19 трофеи со Динамо Загреб.
Па еден Хајдук има 17, гледано по распадот на Југославија. Легенда.