Таг: стефан ристовски

Ријека е во транс, Стефан Ристовски го носеа на ушка

Чекаа 71 година и дочекаа. Ријека за прв пат во својата историја станаа шампиони на Хрватска и тоа со двајца стандардни репрезентативци, Стефан Ристовски и Леонард Жута кои играат на бековски позиции. За жители на градот ноќеска немаше сон.

Сениорите им се поклонија на младинците

Хероите на Боби Милевски добија честитки и од дел од македонските А репрезентативци и нивниот селектор, а капитенот им честиташе капитенски во голем стил. Би менувал сè што освоил во кариерата за едно учество со Македонија на Европско првенство.

Стефан Ристовски на мета на Лацио

По Горан Пандев, уште еден македонски фудбалер можно е да облече дресот на римјаните кои веќе доставиле понуда за да го купат.

Ристовски: Кралот се враќа

Десниот бек на македонската фудбалска репрезентација прв се израдува за враќањето на Пандев во националниот тим, а со него дружеше и во Италија.

Стефан Ристовски е нов играч на Ријека

По пет годишниот престој во Италија и кусото искуство во Серија А со Парма, 23 годишниот македонски репрезентативец од следната сезона ќе настапува во хрватското првенство кое почнува следниот викенд.

Стефан Ристовски доби нов газда во Парма

По повлекувањето на Томазо Гирарди, последнопласираниот тим во Серија А вчера и официјално доби нови сопственици, предводени од Албанец со италијански пасош, Пијетро Дока. Зад новото раководство стои руско-кипарска нафтена компанија која ќе треба да ги врати долговите на Парма.

Ристовски не зема плата, казна за Парма од еден бод

Тимот каде настапува македонскиот репрезентативец минатата сезона се избори за место на европските натпреварувања, но не настапи, а сезонава ќе има тешка задача во борбата за опстанок.

Ристовски: Првиот совет по грешката со Милан ми го даде Креспо

Бекот на македонската фудбалска репрезентација поминал низ тешки кризи и се калел во четири италијански клубови за на 22 години да заигра во Серија А. Хамшик и Игуаин ги запознал на гости кај Пандев, а за словачкиот репрезентативец вели дека треба двајца чувари.

Штиклата на ФеноМенез

Во дуелот Парма - Милан кој донесе дури 9 гола и 2 исклучувања, Французинот Жереми Менез го направи потегот на викендот. На „Енио Тардини“ во дресот на Парма заигра и нашиот репрезентативец, Стефан Ристовски.