Ристовски заминува како слободен играч во Ријека откако Парма поради финансиска криза се пресели во четврта лига. Тој ќе потпише 3 годишен договор за тимот кој минатата сезона заврши на втората позиција во домашното првенство зад Динамо Загреб.
Италијанските медиумите пишуваа дека Ристовски кој минатата сезона по втор пат се врати на позајмица во второлигашот Латина, ќе остане на чизмата и дека за него е заинтересирана Специја, но младиот бек оди во нова фудбалска авантура.
Ријека минатата сезона играше во групната фаза од Лигата на Европа, а доколку Шкендија на гостувањето во Шкотска против Абердин успее да направи изненадување, тогаш овие две екипи можно е да се сретнат во второто квалификациско коло.
Стефан Ристовски стана член на Парма во 2010 година и покрај искуството со Латина беше на калење и во Кротоне, Бари и Фрозиноне.
Во Италија се дружеше со Горан Пандев, а преку него се запозна и со Гонзало Игуаин.