Стефан Ристовски постираше слика од Пандев откако денеска одекна бомбастичната вест за неговиот кам бек во репрезентација.
Додека Ристовски играше во Италија често се дружеа со Пандев, а во домашната атмосфера со нив беше и ѕвездата на Наполи, Гонзало Игуаин.
На времињата со Горан Пандев, се потсети и неговиот поранешен партнер од нападот во Лацио, Мауро Ѕарате кој на Твитер добиваше разни прашања од навивачите на Вест Хем.
„Најдобро во напад до сега ми беше со Горан Пандев во Лацио и Лукас Прато во Велез. Со нив двајца постигнав многу голови. Најјаки во репрезентацијата на Аргентина се Меси и Агуеро, а беше фантастично да се игра во напад и со Диего Милито во Интер. Најважниот гол за мене е оној од дербито против Рома кој нема да го заборавам, а најсилниот играч против кој сум играл е Ибрахимовиќ. Во дресот на Вест Хем омилен момент ми е голот против Арсенал, а најубав стадион е Олд Трафорд“, вели Ѕарате.