Според пишувањата на Кориере дело Спорт, спортскиот директор на Лацио, Игли Таре за да ја засили десната бековска позиција испратил понуда до Ријека за Стефан Ристовски.
Овој весник пишува дека се работи за македонски репрезентативец кој има 19 настапи за својата земја и кој добро ја познава Италија бидејќи настапуваше во Парма, Бари, Латина и Специја.
24 годишниот Ристовски кој сезонава настапуваше за Ријека, Кориере пишува дека вреди 2 милиони евра, а понудата на Лацио изнесувала 1,5 милиони евра. Во игра за негов трансфер се и екипите на Ајакс и Волфсбург.
Нашиот репрезентативец може да стане второто засилување за Лацио од Ријека откако тимот од Рим на 1 февруари годинава го официјализираше трансферот на голманот Иван Варгиќ за 2,7 милиони евра. Тој ја доврши оваа сезона во Ријека, а од следната сезона се сели во Серија А.