Ristovski was fucking amazing

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски имаше фантастично деби во Лига на шампиони. Доби шанса против Јувентус и ја искористи максимално добро, а Португалците на Твитер го посипаа со позитивни критики. 

„Ристовски направи ми син“, гласи еден од твитовите на навивачите на Спортинг кои не штедат зборови за неговиот прв настап во Лигата на шампионите. 

Стефан Ристовски одигра 90 минути против Јувентус и на крај беше заменет поради повреда, а за настапот против италијанскиот шампион заслужува чиста 10-ка сметаат португалските навивачи кои грмат на Твитер.

„Спортинг немал ваков бек 20 години“, „Ристовски како животно“, „Ристовски треба да биде стартер“, „Ристовски е за класа подобар од Пичини“, се само мал дел од другите пофалби.

Македонија две години немаше претставник во најелитното клупско натпреварување. Последниот Македонец кој претходно настапи во ЛШ беше Аријан Адеми за Динамо Загреб во септември 2015-та.

1 ноември 2017 - 09:04