Јаки парови во Лига Европа, Ристовски и Адеми против интересен противник

По сјајната ждрепка за Лига на шампиони, попладнево во европската куќа на фудбалот во Нион се извлече и ждрепка за четвртфинале на Лига Европа. Се паднаа некои фантастични парови.

Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски по сензацијата со Динамо Загреб против Тотенхем (3:0), во историското четвртфинале на Лига Европа ќе играат против шпански Виљареал кој е предводен од Унаи Емери, човекот кој знае како се освојува ова натпреварување откако 3 пати беше првак со Севиља во ЛЕ.

За влечење на ждрепката во Нион асистираше Гаел Клиши, некогашниот лев бек на Арсенал, Манчестер Сити и репрезентацијата на Франција кој сега е дел од швајцарски Сервет.

ГРАНАДА - МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
АРСЕНАЛ - СЛАВИЈА ПРАГА
АЈАКС - РОМА
ДИНАМО ЗАГРЕБ - ВИЉАРЕАЛ

Победникот од двомечот Гранада - Ман. Јунајтед во полуфинале ќе игра против поуспешниот од двомечот Ајакс - Рома, а победникот од двомечот Динамо Загреб - Виљареал во полуфинале ќе игра против Арсенал или Славија Прага.

Четвртфиналните дуели ќе се играат на 8 и 15 април а полуфиналните средби се закажани за 29 април и 6 мај. Финалето е планирано за 26. мај на стадионот во Гдањск, Полска.

Ждрепката за ЛШ