На денешната ждрепка во Нион се појави турската легенда Хамит Алтинтоп кој се пензионираше пред две години, а во 2010-та беше финалист во ЛШ со Баерн Минхен.
На својот поранешен клуб со кој освои 6 трофеи му го донесе ПСЖ, што значи ќе гледаме репризно издание од ланското финале кое Баварците го добија со 1:0.
Алтинтоп од Баерн направи трансфер во Реал каде играше само во сезоната 2011/2012 и ја освои Ла Лига. И на овој негов поранешен клуб не му извлече баш пријатен противник. Се вика Ливерпул, што значи имаше уште една реприза од финале, а тоа е 2018-та кога Кралевите славеа со 3:1.
Гледајќи ги овие два пеколни парови во кои човек грев е да каже кој е фаворит, може слободно да речеме дека Сити и Челси може да бидат задоволни.
Осминафинални дуели:
МАНЧЕСТЕР СИТИ - БОРУСИЈА ДОРТМУНД
ПОРТО - ЧЕЛСИ
БАЕРН МИНХЕН - ПСЖ
РЕАЛ МАДРИД - ЛИВЕРПУЛ
Првите четвртфинални двојки се закажани за 6 и 7 април, а реваншите се играат на 13 и 14 мај.
Во полуфинале вкрстуваат:
БАЕРН МИНХЕН/ПСЖ - МАНЧЕСТЕР СИТИ/БОРУСИЈА ДОРТМУНД
РЕАЛ МАДРИД/ЛИВЕРПУЛ - ПОРТО/ЧЕЛСИ
Полуфиналињата се играат на 27/28 април и 4/5 мај, а финалето на 29 мај во Истанбул.