Таг: еврокуп

Чудно однесување на кошаркар од Порторико сред давање изјава

Бурса ја совлада Цедевита во четвртфиналето од Еврокупот, а кога на полувреме водеше со 14 поени разлика, пред камера застана Џон Холанд кој почна да `ржи. „Ние не сме обични кучиња, туку питбулови“, рече Порториканецот.

Кош и автокош во Еврокуп во рок од 20 секунди

Никос Рокавопулус ти е one man show во кошарката. Царот прво даде кош за својот тим Промитеас, а потоа и за Бурсаспор и тоа уште во следниот напад.

Приказна за фудбалот на Гибралтар: Имаат клуб кој чудесно влезе во Лига на Конференции

Фудбалско сценарио за филм ни дојде од една ептен симпатична прекуморска територија околу која со векови се тегнат Британија и Шпанија. Има 29 и кусур илјади жители и фудбалот го играат со срце.

На снег во Минхен, Мбапе сервираше студена одмазда, Челси издоминира

228 дена откако во финале на ЛШ во август лани во Лисабон Баерн го совлада ПСЖ, вечерва во Минхен во првиот дуел од 1/4 финале Парижаните остварија триумф пред реваншот. Порто и Челси играа во Севиља поради ригорозните мери во Португалија.

Јаки парови во Лига Европа, Ристовски и Адеми против интересен противник

По сјајната ждрепка за Лига на шампиони, попладнево во европската куќа на фудбалот во Нион се извлече и ждрепка за четвртфинале на Лига Европа. Се паднаа некои фантастични парови.

Сашо кога пцуе, клупата се тресе на тајм-аут

Кошаркарите на Партизан убедливо изгубија во Еврокупот од Булоњ Метрополитанс во Париз 79:62, а тренерот на „црно-белите“ Сашко Филиповски не можеше да ги задржи нервите и на еден тајм-аут ги отера играчите кај што не треба.

Ниту тој е Мајкл, ни па јас Марет, нашите имиња се Филип и Тане

На македонската спортска јавност веројатно не и е баш познато кошаркарското тренерско име Тане Спасев, ама тоа сега е најмалку битно. Поентата е да видите на какви маки беше овој наш јадник. Работава излезе како она со Марјан Стојановски: Знаеш како? Пиши од почеток.

Словенец во Еврокуп даде кош преку цел терен за победа на крај

Во кошаркарскиот Еврокуп, Хувентуд со 85:82 ја победа турска Дарушафака, а кошот за триумф од буквално три четвртини од теренот го даде Словенецот Клемен Препелиќ.

МЗТ Скопје ќе игра во Еврокуп против Уникаха и Баерн Минхен

Актуелниот македонски првак и единствен претставник во Јадранската лига, МЗТ Скопје доби покана од раководните луѓе на Еврокупот за учество во ова елитно натпреварување.

Тепачка во Морача - 2 дел

Црногорската страна на фб Подгорички времеплов објави дополнителна снимка од тоа што се случуваше пред крајот на средбата Будуќност - Банвит во Подгорица. Сега Сами Мехија, претходно турнатиот кошаркар, му се одмаздува на навивачот. И тоа како...

Навивач влезе на паркет, па доби нокаут

Натпреварот од Еврокупот меѓу Будуќност и Банвит се играше во Подгорица, а во моментот кога дуелот веќе беше решен, еден навивач на домашната екипа влета во теренот и го турна Сами Мехи. Сепак, гостинот веднаш сфати дека направил глупост, откако доби нокаут од гостинскиот плеј Ерл Роуландм по што за влакно се избегна голем инцидент. На крајот, гостите победија 74:68.

Крај со пораз за МЗТ во Еврокупот

Македонскиот кошаркарски шампион ја заврши неуспешната дебитантска сезона во Еврокупот. МЗТ Скопје во последното коло загуби и од руски Уникс Казан.

Десеткуваниот МЗТ поразен во Естонија

Натпреварот на кој единственото значење беше да се избегне последното место во групата Г им припадна на кошаркарите на Калев Талин кои славеа убедливо над македонскиот шампион во претпоследното коло од Еврокупот со 84:69.

Деби пораз за Зоран Мартич

МЗТ Скопје се бореше за втор триумф во осмото коло од Еврокупот, но поквалитетниот турски претставник повторно ја оправда фаворитската улога против македонскиот шампион со убедливи 68:86 каде на клупата дебитираше новото тренерско име од Словенија.

Металците убедливо поразени во Израел

Кошаркарите на МЗТ Скопје сосема очекувано со пораз го завршија натпреварот од седмото коло во второто по ранг клупско европско кошаркарско натпреварување од израелскиот шампион Макаби Хаифа со 79:60.

МЗТ е блиску до елиминација во Еврокупот

Актуелниот македонски шампион го забележа петтиот пораз во шестото коло од второто по ранг клупско кошаркарско натпреварување и со тоа најверојатно ќе се прости уште во првата фаза од европската сцена. И во реванш дуелот против Рига, претставникот од Летонија беше подобар противник и славеше со 70:77.

МЗТ “не преживеа“ во Казан

Кошаркарите од Аеродром имаа долг и напорен пат кон главниот град на руската република Татарстан, а таму ги чекаше пекол против фаворитот Уникс Казан кој со висок триумф од 85:61 го делкасираше македонскиот шампион за полн ефект во групата.

МЗТ го разби малерот

По шест порази во низа во двете натпреварувања, кошаркарите на МЗТ Скопје го скршија мразот и ја забележаа првата победа во Еврокупот совладувајќи го естонскиот Калев од Талин со 79:70.

МЗТ високо поразен во Турција

Актуелниот шампион на Македонија го забележа и третиот пораз во второто по ранг клупско европско натпреварување. Турскиот претставник Банвит Бандирма се покажа како пресилен за составот на Вукоичиќ кој загуби со 24 поени разлика.

МЗТ во завршницата потлекна пред израелскиот шампион

Актуелниот шампион на Македонија и покрај одличната партија, не успеа да обезбеди победа во второто коло од Еврокупот против Макаби Хаифа. Клучни беа последните моменти од мечот кога „Металците“ ја испуштија предноста која ја имаа скоро на целиот меч и загубија со 83:86.

МЗТ тргна со пораз во Еврокупот

Македонскиот кошаркарски шампион дебитираше со пораз во Еврокупот. МЗТ загуби на гостувањето кај летонскиот шампион Рига во првото коло од второто по ранг клупско кошаркарско натпреварување во Европа.

Стартува европската одисеја за МЗТ Скопје

Актуелниот македонски шампион е исправен пред нов предизвик наречен Еврокуп, второ по ранг клупско европско кошаркарско натпреварување. Деби настапот за тимот од Аеродром е гостувањето во Летонија против екипата на Рига.