МЗТ Скопје добро го почна гостинскиот меч во Еврокупот и резултатиски беше во игра, но само во првите 10 минути од мечот. Во два наврати имаше и предност од два поени разлика, но првиоt период го загуби со 22:17.
Доминацијата на домаќините започна во втората четвртина во која по само нешто повеќе од две минути направија двоцифрена предност. МЗТ немаше одговор на играта на фаворитот на овој меч кој сезонава имаше амбиции и за Евролигата.
По првото полувреме кое Банвит го доби со 45:28, кошаркарите на МЗТ Скопје имаат очајни 1/9 во обидот за три поени, како и послаб шут од поле.
Во третиот период турските кошаркари само ја одржуваа предноста која постојано беше двоцифрена, а МЗТ не успеа да стигне под негатива од 13 поени. На три минути до крајот на четвртината домаќините ја имаат највисоката предност од 20 коша разлика, а на крајот од третиот период бепе 62:45.
Бродот на Аеродромци продолжи да тоне во последната четвртина во која веќе беше јасен победник на овој натпревар кој на крајот го загубија убедливо со 85:61.
Освен офанзивните 15 скока за разлика од оние 10 на домаќинот, МЗТ беше полош противник во сите останати сегменти од играта со 48% реализација за шут од поле, и 22% од линијата за три поени.
Со доцифрен број на поени мечот во нашиот состав го завршија Чековски со 13, Рејнолд со 12 и Гечевски со 10 поени. И покрај тоа што заздравениот Дамјан Стојановски отпатува со тимот, Вукоичиќ не го пушти го игра.