На снег во Минхен, Мбапе сервираше студена одмазда, Челси издоминира

228 дена откако во финале на ЛШ во август лани во Лисабон Баерн го совлада ПСЖ, вечерва во Минхен во првиот дуел од 1/4 финале Парижаните остварија триумф пред реваншот. Порто и Челси играа во Севиља поради ригорозните мери во Португалија.

Лига на шампиони, четвртфинале, први натпревари:

БАЕРН МИНХЕН - ПАРИ СЕН ЖЕРМЕН 2:3 (1-2)
/Чупо-Мотинг 37', Милер 60' - Мбапе 3', 68', Маркињос 28'/

Еден од поинтересните податоци од вечерва: Мбапе даде гол против Баерн после само 148 секунди. Во септември 2017-та Дани Алвеш дал гол после 84 секунди од стартот, замислете против кого:

ПОРТО - ЧЕЛСИ 0:2 (0-1)
/Маунт 32', Чилвел 85'/