Тане Спасев е 42 годишен тренер, роден во Штип кој ја води Легија Варшава. Имаше едно доста непријатно гостување во Финска против Катаја во меч од Еврокупот, не поради поразот, туку поради она што му се случи после поразот.
Седна на прес конференција со еден од неговите играчи, а тој што го најави пресот направи општа калакурница. Ќе ја видите и ќе ја сконтате на англиски, ама нас сепак мерак ни е да ја преведеме.
Настана циркузијада и пресот не можеше да стартува од преголемата неукост на портпаролот на домаќините. Пусти Тане до толку се изнервира што тргна да си оди.
Портпаролот: Да ја почнеме официјалната прес конференција од ФИБА Еврокуп мечот меѓу Катаја и Легија Варшава. Конечниот резултат е 112:105 за домаќините, а на пресот ги имаме главниот тренер Марет Чапаловски и кошаркарот Мајкл Финг.
Тане: Грешка сте, главен тренер е Тане Спасев, а кошаркарот е Филип Мачак.
Портпаролот: Се извинувам, да продолжиме. Мајкл твој коментар за мечот.
Тане: Не е он Мајкл, туку Филип.
Портпаролот: Добро тогаш да ја почнеме прес конференцијата од почеток, па кажете како се викате? (А Тане веќе му кажа).
Тане: Ќе си одам,
Портпаролот: А?
Тане: Он се вика Филип Мачак
Портпаролот: Ок.
(Веќе до тука пресот е крш, а има уште комедии, па одиме од трета)
Портпаролот: Да ја почнеме официјалната прес конференција од ФИБА Еврокупот меѓу Катаја и Легија Варшава. Ги имаме асистент тренерот и кошаркарот (По што Тане тргна да си оди)
Портпаролот: Вие сте асистент тренерот или главниот тренер? А главниот, добро.
И тука Тане на македонски му вика „Ајде“ па на англиски „Почни и кажи главниот тренер па да почнеме“.
Па гревов од портпарол од четврта мајка: Да ја почнеме официјалната прес конференција од ФИБА Еврокуп мечот меѓу Катаја и Легија Варшава. Конечниот резултат е 112:105 за домаќините. На овој прес го имаме главниот тренер и кошаркарот.
(И како што забележувате, не ги кажа по име ниту тренерот ниту играчот).
Солзи ни течат на работа. Ајде плеј.