Навивачите на Жалгирис од Каунас за време на синоќешниот меч против градскиот ривал Кауно Жалгирис кој го изгубија 1-2, фрлале огромни празни куфери на терен во знак на револт и бес против тренерот Владимир Черубин од кого бараат да си оди. Жалгирис минатата сезона на 17 меча под водство на Черубин собрал само 19 мизерни поени а сезонава исто имаат пораз до пораз па навивачите со право се бесни на управата и на тренерот.