Рики се пофали со подарок и автограм од Мурињо

Десниот бек на македонската фудбалска репрезентација по долго време поминато во Спортинг Лисабон, одлично зборува португалски јазик. Тоа го искористил при запознавањето и мубаетот со Жозе Мурињо по историскиот триумф на Динамо Загреб над Тотенхем. Добил и подарок со автограм.

Ристовски од Жозе добил на подарок горен дел од тренинг опремата со лична посвета од Мурињо. Бекот објави на својот Инстаграм профил со натпис:

„Фудбалскиот свет научи многу од тебе, јас имав чест да те запознаам лично и да видам колку голем човек си. Ти благодарам за овој незаборавен момент“.