Динамо Загреб е најголемо изненадување во Лига Европа. „Модрите“ прво комотно поминаа групна фаза а во осминафинале го декласираа гигантот Тотенхем на Жозе Мурињо и Хари Кејн.
После овие успеси, градот Загреб со посебно внимание го следи својот омилен клуб а од управата на Динамо смислија интересен маркетиншки потег.
„По загрепските улици од вторник 6 април ќе вози трамвај украсен со обележја на Динамо. Славеничкиот букет од играчи, голем клупски грб и слоганот „Нема предавање“ само се дел од мотивите кои се протегаат низ надворешниот дел на стариот загрепски трамвај број 4 кој секојдневно поминува низ улиците на нашиот Загреб“, стои во соопштение на сајтот на Динамо.
Младите ѕвезди на Динамо, Маријан Чабраја, Јошко Гвардиол и Марко Толиќ во живо го виделе трамвајот па се повозиле со него.
S ponosom predstavljamo Dinamov tramvaj 😎⚽️🚊💪🏻😁💙https://t.co/0IAutViqo2#dinamozagreb #zagreb #hrvatska
— GNK Dinamo (@gnkdinamo) April 5, 2021
📷 Darko Tomaš/CROPIX pic.twitter.com/UXEXn7CLIb
„Трамвајот ќе биде во промет во следните шест месеци, а за патниците-навивачи на Динамо, клубот спреми и некои промотивни акции поврзани со Динамовата пролет, а спремивме и одредени промотивни активности за артикли со кои ја одбележуваме успешната европска сезона на Динамо“, пишуваат од Динамо.