Рики и Адеми грмеа во ритам со ултрасите

Динамо Загреб го доби дербито на колото во Хрватска против Осијек и на две кола до крај има +4 пред второпласираниот Хајдук Сплит. Титулата им е на дофат.

Во супер интересната трка за титулата во хрватскиот шампионат и една од најнеизвесните во последното време, Динамо Загреб славеше дома против Осијек со 3:0, а Хајдук со ист резултат ја доби Ријека на гости.

Тоа значи дека во игра за врвот остануваат само Динамо и Хајдук, но до крајот има уште само две кола, а бодовната разлика е 4 бода.

Ако следното коло Динамо го добие Шибеник на гости ќе ја одбрани титулата. Во случај на кикс, второто сценарно би можело да донесе опасна драма и титулата да се решава во меѓусебен дуел, бидејќи во Загреб се среќаваат токму Динамо и Хајдук.

Големата победа над Осијек, играчите ја славеа заедно со Бед Блу Бојс со стил.

9 мај 2022 - 09:28