Ристовски и Милевски гласаа за победниците Лионел Меси и Лионел Скалони, кои победија во конкуренцијата за фудбалер и тренер на годината.
Останатите гласови капитенот на Македонија им ги даде на Модриќ и Алварез кај фудбалерите и Анчелоти и Гвардиола кај тренерите.
Македонскиот селектор втор го стави Мбапе, а трет Бензема. Од колегите, после Скалони се реши за Дешамп и Анчелоти.
Во гласањето на 200 земји членки на ФИФА, гласаат и спортските новинари. Претставник од Македонија по седми пат е Мијалче Дургутов кој му даде 5 гласа на Меси, 3 на Мбапе и 1 на Модриќ.
Парада на ѕвезди: Меси избран за најдобар играч на светот според ФИФА