Парада на ѕвезди: Меси избран за најдобар играч на светот според ФИФА

Во Париз синоќа на свечена церемонија беа доделени наградите The Best-2022 кои ФИФА ги врачи на најдобрите за претходната година.

За најдобар играч на светот во избор на селектори и капитени на репрезентации кои го даваа својот глас, избран е Лионел Меси. Второ место освои Килијан Мбапе, а трето Карим Бензема.

Наградите се доделуваат за периодот од август 2021 до декември 2022-ра година.

Лионел Меси како капитен ја предводеше својата Аргентина до толку посакуваното и сонувано злато на Светско првенство. Лео одигра маестрален Мундијал и ги крена „гаучосите“ кои на стартот беа шокирани од Саудиска Арабија.

Лео по втор пат во кариера го добива ова признание The Best-2022 кое ФИФА го доделува од 2016-та. Во изборот на Франс Фудбал претходно, наградата ја освои Карим Бензема.

Капитенот на Реал Мадрид не допатувал во Париз каде немало ни други претставници на клубот. На неговото место во топ3 до Меси и Мбапе седеше сопругата на Лионел, Антонела Рокуцо.

За најдобра фудбалерка очекувано е прогласена Алексија Путељас и тоа втора година по ред. Во топ3 најдобри фудбалерки завршија уште и Бет Мид и Алекс Морган, а добитничките на награди ги соопшти првиот човек на ФИФА Џани Инфантино.

Во најдобриот тим според ФИФА се: Тибо Куртоа, Ашраф Хакими, Жоао Кансело, Вирџил ван Дајк, Кевин де Брујне, Лука Модриќ, Каземиро, Лионел Меси, Килијан Мбапе, Карим Бензема, Ерлинг Халанд.

Емилијано Мартинез, Аргентинецот кој со чудесни одбрани беше можеби најзаслужен што Аргентина славеше во големото финале на Светско првенство, е избран за голман на годината:

Присутен беше и Каземиро:

Бразилецот Ришарлисон беше во најтесниот круг кандидат за најубав гол на годината, а на крајот наградата му припадна на полскиот фудбалер со ампутирана нога, Марцин Олекси кој игра во фудбал за лица со инвалидитет.

Втор на свет, Килијан Мбапе

Ашраф Хакими од ПСЖ и Мароко е во најдобриот состав на годината 2022:

Првиот човек на Барселона со најдобрат фудбалерка на светот за минатата година Алексија Путељас. Најдобар тренер во женски фудбал е Сарина Вигман (селектор на Англија, доаѓа од Холандија), а на второ и трето место се најдоа Соне Бомпастор (Лион) и Пиа Сундхаге (репрезентација на Бразил, од Шведска)

Сарина Вигман

Легендата

Присутен беше и Вирџил ван Дајк кој се најде во тимот на сезоната

Свечената гала вечер не ја пропушти ниту Дидие Дрогба

Лионел Скалони ја доби наградата за најдобар тренер на годината - заслужено откако со Аргентина ја го освои Светското првенство.

Карлос Пасквал по прекар Тула бил најинтересен гостин на церемонијата. Тој ја прими наградата за најдобри навивачи на годината која што ја освоија Аргентинците, а се прослави како најверен следбеник на Аргентина која што и изнемоштен ја бодреше во далечниот Катар.

Што им кажа Меси на децата од сред церемонија во Париз?

28 февруари 2023 - 08:19