Што им кажа Меси на децата од сред церемонија во Париз?

Очекувано, Лионел Меси заслужено и без ни најмала дамка ја освои наградата најдобар фудбалер на светот за минатата година која што ја доделува ФИФА. Лео лесно и убедливо победи 30 кандидати за играч на годината, а во краткиот говор на свечената сцена во Париз на своите деца кои гледаат им порача: „Им праќам бакнеж на моите деца Тиаго, Матео и Чиро, кои гледаат сега и кои ги сакам. И одете на спиење сега, ајде“.

„Убаво е да се биде во такво друштво, со Бензема и Килијан кои имаа извонредна година. Голема чест ми е да ја примам наградата. Би сакал да се заблагодарам на моите колеги Скалони и Мартинез кои се овде. Им благодарам на сите, беше навистина луда година. Успеав да го остварам својот сон после долги и тешки борби. Сакам да му се заблагодарам и на моето семејство, на аргентинскиот народ кој живееше интензивно и нервозно тој месец (за Светското). 

Парада на ѕвезди: Меси избран за најдобар играч на светот според ФИФА

28 февруари 2023 - 09:40