Капитенот на Македонија и дете на Вардар не го заборава клубот во кој ги направи првите фудбалски чекори и им одржа лекција на сите кои гледаат од страна и со мал прст не мрдаат.
Им помогна финансиски во моментите кога клубот функционира на добра волја на играчите и стручниот штаб, кои водат тешки битки да го вратат онаку каде што му е местото.
Пред мега важниот дуел против лидерот Воска од Охрид кој им бега 3 бода, Ристовски се погрижил тимот да оди во карантин за што Вардарци јавно му се заблагодарија.
Пред да замине во Италија, Стефан Ристовски како тинејџер играше во Вардар каде ја почна кариерата во 2008-ма.
Лани во ноември се појави на Градски за големиот празник 75 години Вардар и 35 години Комити и тоа во ултрас издание.