Капитенот на македонската фудбалска репрезентација ја освои третата титула по ред со Динамо и вкупно четврта во хрватскиот шампионат. Еднаш се радуваше и со Ријека сезона 2016/2017.
Фудбалерите имаа средба со навивачите на автопат и застанаа да ги испочитуваат. Удрија на песна и жестоко скандирање, а во први редови беше Стефан Ристовски кој го грабна мегафонот и ја запали масата.
На 10:10 на видеото прашува со која песна на почне, а некој му дофрла со Вардар. На 17:50 бара од сите да го испочитуваат Аријан Адеми.