Динамо Загреб ги доби 90-те минути против Бодо Глимт со 2:1, но поразот од првиот дуел од 1:0 не им дозволи да се радуваат, па мечот се одлучуваше во продолженијата во кои ги разбија со страшни контри за голема победа од 4:1 и делириум на Максимир.
Евроголот на средбата го постигна Бруно Петковиќ со маестрални ножички во 35-та минута на асистенција на Стефан Ристовски.
Инаку резултатот го отвори Оршиќ по само 4 минути игра.
Голот за продолженија до постигна Алберт Гронбаек кој во 70-та минута погоди за 2:1.
Лудницата на Максимир настана во 117-та и 120-та минута, благодарение на погодоците на Дрмиќ и Бочкај кои ги разбија Швеѓаните со страшни контри.