Незгодна група за Миовски со противници од Франкфурт и Солун, Ристовски ќе гостува во Косово

По Лига на шампиони и Лига Европа извлечени се паровите и за третото по ранг клупско европско натпреварување. Претставници имаат Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Косово, Бугарија, Грција. Ние ниту еден.

Кога веќе сите македонски клубови испаднаа летово, ни преостанува да се радуваме на настапите на македонските фудбалери.

Во Конференциска лига ќе играат Бојан Миовски со Абердин, Стефан Ристовски со Динамо Загреб, Милан Ристовски со Спартак Трнава и Дени Илиев со Хелсинки.

Тешка е групата за Миовски кој налета на Ајнтрахт Франкфурт и ПАОК, но и на Хелсинки каде ќе се сретне со Илиев.

Група А: Лил, Слован Братислава, Олимпија Љубљана, Клаксвик

Група Б: Гент, Макаби Тел Авив, Зорија, Брејдаблик

Група Ц: Динамо Загреб, Викторија Плзен, Астана, Балкани

Група Д: Клуб Бриж, Бодо Глимт, Бешикташ, Лугано

Група Е: Аз Алкмар, Астон Вила, Легија Варшава, Зрински

Група Ф: Ференцварош, Фиорентина, Генк, Чукарички

Група Г: Ајнтрахт Франкфурт, ПАОК, Хелсинки, Абердин

Група Х: Фенербахче, Лудогорец, Спартак Трнава, Нордсјеланд

Натпреварите од групната фаза се играа од 21 септември до 14 декември. Нокаут фазата стартува во февруари, а финалето се игра на 29 мај во Атина.

Извлечени парови за Лига Европа: Бомбона групи за Ливерпул и Рома

Извлечени супер групи за Лига на шампиони: Баерн ќе оди во Манчестер, Сити во Белград