Извлечени супер групи за Лига на шампиони: Баерн ќе оди во Манчестер, Сити во Белград

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе биде единствен наш претставник во елитната Лига на шампиони а неговиот Наполи падна во група со Реал Мадрид. Убави групи каде секој секого може да победи.

Вечерва во „Грималди Форум“ во Монако пред гала вечерта на која ќе се доделуваат награди за најдобрите во изминатата сезона, се извлече жребка за групната фаза во елитната Лига на шампиони.

Составот на групите:

Група А: Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед, Копенхаген, Галатасарај
Група Б: Севиља, Арсенал, ПСВ, Ленс
Група Ц: Наполи, Реал Мадрид, Брага, Унион Берлин
Група Д: Бенфика, Интер, РБ Салцбург, Реал Сосиедад
Група Е: Феенорд, Атлетико Мадрид, Лацио, Селтик
Група Ф: ПСЖ, Борусија Дортмунд, Милан, Њукасл
Група Г: Манчестер Сити, РБ Лајпциг, Црвена звезда, Јанг Бојс
Група Х: Барселона, Порто, Шахјтор Доњецк, Антверпен

Групната фаза во елитата започнува на 19. септември а финалето е закажано за крајот од мај 2024-та на „Вембли“ во Лондон.

31 август 2023 - 18:55