Таг: конференциска лига

Словенечки начин на сушење терен

Олимпија - Лил, 5 коло, Конференциска лига. Домаќините во обид да го оспособат теренот за игра на начин, до сега незабележат во фудбалот. Пешкири ставаа, за да упие водата. Мечот се одигра, а Олимпија загуби 0:2.

Незгодна група за Миовски со противници од Франкфурт и Солун, Ристовски ќе гостува во Косово

По Лига на шампиони и Лига Европа извлечени се паровите и за третото по ранг клупско европско натпреварување. Претставници имаат Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Косово, Бугарија, Грција. Ние ниту еден.

Казахстански волеј на неделата

Базел како фаворит се соочи со големо изненадување во Конференциска лига против Тобол од Казахстан. На полувреме водеа 1:0, а во второ им се случи крах. Добија два црвени картони и примија три гола. Двајца гостински играчи во иста акција запнаа да постигнат еврогол. На првиот не му успеа. На најавни шпици ќе заврши Рамазон Оразов.

Циркузијада од пенал во Конференциска лига

Мислевме дека ова го има само во сала на мали голови, ама се случи и во професионален фудбал и тоа на европско меѓународно натпреварување.

Тричковски во осминафинале нагази на премиерлигаш

По извлекувањето на ждрепката во Лига Европа, познати се осминафинлните двојки и во Конференциската лига, третото по ранг клупско европско натпреварување.

ВАР технологија vs Гол технологија 1:0

И тоа чудо го видовме, ВАР да и понишни гол на „Гол технологијата“ и тоа чист. Нестварната сцена се случи во Фиренца на дуелот меѓу Фиорентина и Брага во Конференциската лига. Скроз чудно и нејасно.

Барди против швајцарски, Тричко со украински противник

УЕФА ги спука во два часа и нешто ждрепките за сите три клупски европски натпреварувања.

Необична состојба на табелата во група Г во Конференциска лига

Балкани (Косово), Сиваспор (Турција), Славија Прага (Чешка) и Клуж (Романија) ја држат најголемата неизвесност на европската клупска сцена. Како тргнале, на крај на пенали ќе играат секој против секого. Немало до сега ваква изедначеност или па ние не сме виделе до сега.

Агонија во 120-та минута која екипа од Северна Ирска ќе посака да ја избрише од меморија

Линфидл е рекордер во Северна Ирска со 56 домашни титули, но никогаш нема заиграно на ниту едно европско натпреварување. Како ли ќе се утешат дечкиве после тоа што им се случи синоќа? Втор летен одмор не ги оправа.

До волку да си малер во судиско, па да се изедеш

Навивачите на Лех Познањ живи нервози изедоа синоќа во Конференциска лига. После поразот од Викингур од Исланд од 1:0, на реваншот водеа дома 2:0, ама запнаа да дадат и трет гол за комотно да го завршат мечот. На крај од 90, фудбалот се претвори во 120 минутна заебанција.

Пацерски автогол и еврогол на гостувањето на Шкендија во Конференциска лига

Шкендија го мина првото квалификациско коло во третото по ранг клупско европско натпреварување против Арарат од Ерменија. По триумфот дома од 2:0, тетовци на реваншот ремизираа 2:2, на меч на кој домаќините се истакнаа со два гола, од кои едниот во погрешна мрежа.

Олимпико експлодираше на првиот европски трофеј на Рома

По рецептот на Ајнтрахт Франкфурт и навивачите на Рома се собраа и направија фешта на својот стадион, каде на видео бим го следена финалето од Конференциска лига.