Џани против Муслиу, Елмас против Шишковски

Извлечени се двојките во новата сезона од Конференциската лига. Македонија има седум претставници. Дел од нив се паднаа меѓу себе.

Елиф Елмас, Езгјан Алиоски, Матеј Гаштаров, Висар Муслиу, Елмин Растодер, Себастијан Херера и Дамјан Шишковски се македонските интернационалци во сезоната 2026/2027 од Конференциска лига.

Елмас со Аталанта ќе се соочи против Себастијан Херера и Дамјан Шишковски кои настапуваат за Борац Бања Лука. Против нив двајца ќе игра и Елмин Растодер со Панатинаикос.

Џани Алиоски со Лугано се падна против Висар Муслиу кој е член на Сент Труден, како и против Матеј Гаштаров (Црвена Ѕвезда).

Единствен македонски претставник во Лига Европа е Никола Серафимов кој со Левски Софија не успеа да го мине плејофот за ЛШ против АЕК Атина.

Стоперот на Македонија во ЛЕ ќе игра против Милан, Марсеј, Салцбург, Викторија Плзен, Јагелонија, Сандерленд, Лилстром и НЕЦ.

Во Лига на шампиони немаме ниту еден претставник.

29 август 2026 - 10:57